„Многу ти се убави очите“ и рече младиот Ахмед на запотената Фериде. „ Фала ти многу за елементот “ му возврати видно возбудената Фериде. „ Не е елемент, мори – компликација е “, помалку налутено и се обрати Ахмед.
Отприлика вака македонската финансиска „елита“ и плебсот ја сваќаат шемата на користење државна помош во редовни услови, како и во услови на пандемија. Ниту елитава знае и има искуство како тоа правилно се распределува, ниту има технички know-how како да го изведе тоа, ниту има њух кои, евентуални, индустрии треба да ги форсираме. Од друга страна итриот плебс, соучесник во криминалот и грабежот на lowlife скала, за „шаку долара“ ја продава душата на ѓаволот.
Што во суштина се случува? Како почна ова лудило?
Да одиме отпочеток.
Целава субвенција или државна помош – шема, започна со реформаторот Груевски, кој подучен од своите ментори кои го донесоа на власт, Германија – преку нивниот „институт“ Конард Аденауер, покрај невидениот мудар ПР, скратените бради и забраната за огромни количини на ракија по митинзи, наметнаа кај плебсот слика дека во 2006-та година ќе не водел „технократ“. Цената за оваа услуга, ( покрај политичката која е примарна и ми е мрско да ја објаснувам ) имаше и робовладателски услуги. Се измисли категоријата ТИРЗ. Технолошко-индустриска развојна зона. Слободно читај: Работен логор, скалило пониско од концентрационен логор, каде пушиш цигара на хелиодром на 1 километар од фабриката и ако си искористил пауза а ти се оди во тоалет, ќе мочаш во шише. И тоа не е се… Добиваш плата како волот сламата колку да не пцојсаш до наредниот 1-ви. И тоа оди строго по партиски список, за докажани штормтрупен во центрите за индоктринација. Се е за извоз и за репатријација на профитот. Ти си тука модерен роб, но устата ти ја зашиле во штабот и делуваш среќно… се разбира со нанесен кармин.
Е, покрај овие придобивки, во агендата на неонацистите, се извинувам, неолибералите, има ставка да се субвенционира земјоделството. И тоа го презеде лудата куќа предводена од првиот преродбеник и антик, и така го надгради, по античко македонски… Па почнаа да се делат помене-потебе, вујни, стрини, заслужни партиски пацови пари шаком и капом. Македонскиот итрец, веднаш прикажа хектари и хектари земја на хартија, што негово – од селото каде дошол, што под закуп, што присвоено од државата, ништо не садеше и на крај пари земаше како да е посадено. Илјадници примери имавме вакви. беспредметно е да се набројува.
И што направи овој метод? Создаде ( покрај криминалци ) и еден куп непродуктивни земјоделци кои се несамоодржливи, т.е. не создаваат доволно за да се прехранат. Не можат да достигнат економија од обем за да остварат праг на рентабилност. И денес истите ги гледаме како кукаат за тутунот. Пази, тоа е култура која наскоро ќе биде забранета да се сади. Светот го искоренува тутунот. Кај нас е стратешка гранка. Како на времето афионот. И сега, без обилна државна субвенција, овие тутунари не можат да опстанат.
Во сите гранки имаме пад на земјоделството и сточарството. Дали субвенциите ги дадоа очекуваните резултати? Се разбира не… Да имаше некој во тоа време прочитано како државите на Јужна Америка, особено Бразил и Аргентина поминаа со субвенции и зошто го напуштија тој систем и како, без субвенции станаа нето извозници на земјоделски производи, немаше да дојдеме до ова дереџе. Но не, не прочитаа… Нашите не читаат… Ни професорите во УКИМ, ни МАНУ, ниту па владеачкото мнозинство. За последниве и се подразбира нечитањето, тоа дури граничи и со деловната способност. И сега? Епилог? 15 години интезивно финансирање на фамозниот земјоделец, еве го, секоја година исто, некои мешлаци само лелекаат пред камери за тутунот. И сега што треба? Уште 150 години да го кљуфкаме тутунот со субвенции? И секое останато земјоделско производство? Абре момци, ако не оди бизнисот ѓет а фак… работете нешто друго.
Истото се однесува на фирмите. Покрај традиционалните македонски марифетлаци да се зема субвенција на фирма и да не се исплати плата, дури и нормалното користење на субвенциите е проблематично. Еве, четврта мерка за помош… Ам ако оди пандемијава уште 10 години? Уште 10 години треба да се субвенцираат фирмите? И тоа кој фирми се субвенционираат најмногу? Оние најголемите… Оние на транзициските хохштаплери-олигарси кои покрај тоа што ги украдоа сите заеднички ресурси ни ја украдоа и младоста. И уште да ги субвенционираме… Не ја гледам поентата… Доколку фати војна дали фирмите ќе пропаднат ? Се разбира да… Ама досега не сум видел влада да финансира фирми во време на војна ( која се води на нејзина територија ). Не може од буџетот да се финансира до недоглед непродуктивни работи. Ако фирмата не може да го издржи пандемискиот притисок, ѓет а фак и таа… Ќе ја замени некоја која може да оперира во такви околности. Ние немаме ентитети кои се too big to fall… Нема што од заеднички буџет да се финансира пијаниот земјоделец кој 6 децении не размислил да се унапреди на некој начин, нема што да се финансира заслужен балист кој седи дома и зема плата со години – бидејќи бил дел од некаква си терористичка организација која не совладала, нема што да финансира приватна фирма која години работела, заработувала и калапела пари, па сега прво танго и одма оп, на државна јасла. Не оди тоа така човеци, нека си извади газдата пари од стешот каде лакомо ги гнетат немислејќи ни за работнички права, ни за заедничка кауза. Нема што да ја бараат ни сега…
И ќе завршам со цитатот од Едмунд Бурке: Лошите закони се најлошата форма на тиранија.
Наум Димитровски