Што се случува со Bitcoin Cash, кој сака да го сруши? Социјалната мрежа Twitter привремено го суспендираше профилот на @Bitcoin кој отворено се залага за посебната криптовалута базирана на блокчејн Bitcoin Cash која се одвои од основната дигитална валута на Bitcoin, а потоа настана огромна конфузија.

 

Најпрво профилот беше доделен на лице од Турција, а потоа и на друг корисник од Русија, за на крај @Bitcoin да биде вратен на првичниот сопственик кој и натаму останува анонимен.

 

 

Според заедницата на корисници на Bitcoin Cash најверојатно станува збор за координиран напад врз нивната издвоена криптовалута со цел да се ослабат позициите на пазарот и вредноста со цел да се издигнат останатите криптовалути кои не функционираат на нивниот начин.

 

Сепак, нападот е делумно успешен бидејќи профилот @Bitcoin повеќе не е поврзан со официјалниот веб сајт на bitcoin.com, а во меѓувремен отстранети се над 750 илјади следбеници.

 

Дел од коментарите се дека Twitter намерно го суспензирал профилот @Bitcoin со цел да му даде предност на конкурентот Bitcoin Core во кој според проценките има вложено околу 2,5 милиони долари.

Извор: Фактор