Што ви паѓа на памет прво кога треба да ги наброите работите кои ви го прават животот полесен? Сигурно помислувате на вашиот мобилен, на автомобилот, куќните апарати… Дали сте размислиле колку ви е полесен животот и откако почнавте да користите онлајн банкарство?
Кога последен пат сте биле во банка да завршите некоја работа? Колку слободно време имате откако наместо на шалтер личните финансиски трансакции ги завршувате онлајн? Или колку сте побезгрижни и помалку заборавени откако сите сметки ги плаќате преку мобилниот телефон? Веќе не се расправате по дома затоа што сте останале без Интернет поради неплатена сметка. Ниту, пак, соседите ве погледнуваат прекорно затоа што сте ги заборавиле по фиоките последните сметки за куќен совет и доцните со плаќање.
Нашето секојдневие станува сѐ подинамично, со поголем број активности и обврски и со сѐ помалку време за трошење низ сообраќајниот метеж, по шалтери или за барање паркинг. За среќа, иновациите во дигиталното банкарство донесоа неограничени можности, во кои електронската идентификација е меѓу водечките услуги со бенефитите што ги нуди за корисниците. Електронскиот идентитет за секој негов корисник значи неограничен пристап до бројни банкарски производи од далечина и во секое време.
Комерцијална банка, како лидер во областа на дигиталните иновации, ја нуди услугата електронска идентификација преку OneID, развиена во соработка со Некстсенс и КИБС. A, електронската идентификација со OneID значи можност голем број активности поврзани со вашите лични финансии да ги вршите од дома, канцеларија или од кое било друго место.
Сакате да отворите нова платежна сметка – отворете ја веднаш онлајн преку услугата Платежна сметка со OneID и добијте платежна сметка и дебитна картичка преку брза и едноставна постапка и без посета на шалтер.
Задолжително активирајте Интернет банка преку OneID за да уживате во привилегиите на банкарството 24/7 и да заштедите на трошоци за банкарски услуги затоа што надоместоците за трансакции преку Интернет банка се од 60 % до 80 % пониски отколку на шалтер.
Не ја заборавајте и мобилната апликација мБанка, која покрај многуте можности и привилегии ви ги нуди и бесплатните услуги Плати на пријател и Подели сметка, со кои од именикот на вашиот мобилен телефон лесно и брзо префрлате пари или делите сметка со вашите пријатели.
Вашите лични податоци секогаш се навреме ажурирани со бесплатната дигитална услуга Ажурирај лични податоци преку OneID, а тоа значи непречен пристап до производите и услугите на Банката и одговорни лични финансии.
Ова значи дека ги користите привилегиите на модерното банкарство. Со вашиот паметен телефон или таблет и вашиот електронски идентитет практично влеговте во модерниот финансиски свет кој ви го овозможува Комерцијална банка.